Вила Билјана

Ви нудиме три апартмани: Модерна, Рустик и Оранж.

Модерна

Апартманот “Модерна” е за 4 лица со одвоена спална соба, дневна соба со маса за ручање, кујна и купатило. Уреден во духот на модерното време, ги буди Вашите сетила во потрага по нови авантури.

Рустик

Апартманот “Рустик” исто така е наменет за 4 лица, со посебна спална соба, дневна соба со маса за ручање, кујна и купатило. Буди спомени на некои минати времиња и го прави Вашиот престој посебен и впечатоците вечни.

Оранж

Апартманот “Оранж” е за две лица, со ходник, купатило и соба опремена со се што Ви е потребно. Наутро, боите на сонцето што изгрева ќе Ве потсетат дека сте овде да уживате во боите на прекрасниот Охрид, а навечер амбиентот на зајдисонцето дека не зажаливте што дојдовте овде и дека ќе дојдете пак.

Цени по лице: 7-10 евра
Цената зависи од бројот на ноќевања и бројот на лица.

Ќе ни биде чест да ве угостиме во Апартмани Охрид – апартмани во центарот на градот