Апартманите “Охрид” се наоѓаат во центарот на градот на 50m. од улицата св. Климент Охридски (главната пешачка зона “Чаршија”) и 250m. од плоштадот и пристаништето. Во непосредна близина на апартманите се наоѓа стариот дел од градот со сите знаменитости врзани за Охрид како и голем број на продавници и ресторани од сите видови, амбуланта, аптека, салони за масажа фитнес и убавина и сл. На само 100m. се наоѓа и станица за такси возила и минибуси кои по симблични цени вршат превоз на патници од центарот на градот до охридските плажи се до св.Наум.Апартманите “Охрид” се изградени еден до друг во нова зграда која има сопствен паркинг кој го користат само жителите во зградата и за чие користење добивате електромагнетна картичка за отворање на ел. рампа за влез во паркингот. Во состав влегуваат два двособни апартмани со капацитет од 7-8 и 5-6 лица, соодветно, и еден апартман-студио со капацитет од 4-5 лица.